
Вкупно 154 лица се уапсени синоќа за кршење на владините мерки, а утрово, во осум часот, во карантин во Моровиќ се одведени 66 лица, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, пренесе „Блиц“.
Стефановиќ за РТС изјави дека уапсените биле надвор од нивните домаќинства помеѓу 8 и 5 часот наутро без овластување.
Тој процени дека втората вечер од забраната за движење во Србија, воведена заради коронавирусот, поминала релативно тивко и дека најголем број граѓани ја разбрале важноста на воведените мерки.
Министерот потсети дека целта е да се продолжи периодот во кој луѓето може да се заразат со вирусот и ги повика сите да ги почитуваат мерките бидејќи нивната цел е заштита на здравјето.