Во Србија уште седум починати од коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
239 прегледи

Во последните 24 часа во Србија седум лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус, така што вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 558.

Во последните 24 часа биле тестирани 9.653 лица, од кои 372 биле позитивни.

Од почетокот на епидемијата се тестирани 650.744 лица во Србија.

Најновите податоци на Министерството за здравство покажуваат дека има 143 пациенти на респиратори во болниците ширум Србија.