Во среда државата Грција нема да работи, синдикатот на државните службеници повика на 24-часовен штрајк

од desk3
107 прегледи

WO-AW840_EUROFI_J_20150614185800

Синдикатот на државните службеници во Грција Адеди, повика денеска на 24-часовен штрајк во среда, кога се очекува Парламентот во Атина да ги гласа новите мерки на штедење, за кои беше постигнат договор во Брисел. Евентуален нов тригодишен заем за Грција беше обврзан со усвојувањето на тие мерки.

– Повикуваме на 24-часовен штрајк за време на гласањето на антинародниот договор и демонстрации во 19 часот по локално време на плоштадот Синтагма во Атина, се наведува во коминике на Адеди.

Тоа ќе биде првиот штрајк од доаѓањето на власт на СИРИЗА во јануари годинава./МИА