Во среда комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

од Nikola Popovski
25 прегледи

Од Факултетот за музичка уметност-Скопје известуваат дека заутре (26.3.2025 година) со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, драга и непреболена вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Сара настрада во ѕрагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал. Пејачката остави зад себе две деца.

Покрај Сара, бендот остана и без клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски. Загинаа и Игор Велков, тонецот на групата и битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како Мартин „Буцо“.

Слични содржини