Во стан во Карпош пронајден мртов 50-годишник

од Vladimir Zorba

Во СВР Скопје вчера во 12.44 часот било пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош бил пронајден починат С.Т.(50).

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини