Во Струга го убија балканскиот бос на проституцијата и трговијата со бело робје

од Vladimir Zorba
787 прегледи

 

Дилавер Бојку – Леку најверојатно бил пукан со куршум во чело, и тој „потпис“ на убијците личи на  платен убиец, велат извори од истрагата .

Убиецот го напуштил местото на убиството организирано со мотор и се уште е во бегство, а во потрагата по него учествуваат специјалните сили на МВР и теренот се чешла со хеликоптер.

Дилавер Бојку-Лека  (58), беше познат осуденик за нелегална проституција од струшкото село Велешта, балкански босс кој повеќе пати беше осудуван, притвиран и пуштан .  Вчера попладне  тој со куршум во глава беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу.

Според македонското Министерство за внатрешни работи тој има продадено околу 3000 жени.

Бојку,   е етнички Албанец, се сметаше за шеф на балканската мафија,  се занимаваат со
проституција и трговија со бело робје од земјите на поранешниот СССР и Балканот. Робинките  беа
продавани во Западна Европа, а во МАкеоднија  и регионот бече главниот снабдувач на илегалните јавни куќи.

Бојку,  на почетокот на 2000-те поседуваше неколку ноќни клубови во Велешта и во Струга, кои што функционираа како бордели, во февруари 2003 година беше уапсен и осуден на шестмесечна затворска казна за шверц на луѓе, за веќе во јуни да побегне од струшкиот затвор. Тој беше обвинет за пет кривични дела поврзани со организирана проституција. Тој беше обвинет за заробување на млади жени од Украина, Романија и Молдавија, за бело робје.

Бојку на 20 јуни 2003 година избега скокајќи во црна кола, во близина на затворот во Струга, додека во придружба на обезбедување, но без лисици на рацете, чекаше да го спроведат до суд со полициско комбе. Поради бегството, беше разрешен  директорот на затворот во Струга, Драган Петрески .

Непосредно пред да побегне, тогашниот американски амбасадор Лоренс Батлер го опиша Бојку како „најпознатиот македонски државјанин надвор од Македонија и  за кого е заинтересирана и ФБИ  .

По бегството, САД распишаа награда од 10.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

Само две недели по бегството беше уапсен во Уљцињ, Црна Гора и екстрадиран со хеликоптер во Македонија.   Тој се подготвувал да избега во Бразил. Потоа беше осуден од Битолскиот суд на четири години затвор за посредување во проституција и по одлежување на казната во 2007 година беше пуштен на слобода.

Две години подоцна Бојку првин беше уапсен за нарушување на јавниот ред и мир, а потоа, заедно со син му, беа уапсени за напад на полицаец со нож.

„Кралот на проституцијата“ кога беше екстрадиран од Црна Гора, по казната и враќањето во Македонија се вклучи во угостителскиот бизнис, земајќи ја под концесија струшката плажа „Аква скај“.

Во 2013 година, тогашниот струшки градоначалник Зијадин Села пријави во полиција дека Бојку му се заканувал по најавата за рушење на дивоградбите на струшкото крајбрежје. Минатата година во февруари, Бојку пријавил во полицијата дека му била изрешетана куќата.

Во јуни минатата година, струшкото обвинителство поднесе обвинение против братот и синот на Дилавер Бојку, Башким и Ермин, за убиството што се случи на 13 декември 2015 година на локалниот пат Струга-Долна Белица.

  Крвна одмазда?  

Лекари во струшката болница информираа дека најверојатно Дилавер Бојку, бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

„Околу 16:40 часот е донесено лицето Дилавер Бојку, од приватни лица не беше донесен со брза помош, примен во хируршкото одделение – Струга. Видени се прострелни рани, кај него, на главата. Веќе беше во агонија односно биолошка смрт иако се обидувавме со анестезиологот, дадовме брза интервенција – интубација, меѓутоа не успеа да се врати во живот“, изјави од болницата во Струга.

Мотивите за убиството, како што неофицијално објавуваат некои портали, се крвна одмазда за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Неофицијално се шпекулира дека најверојатно убиството е извршено од кланот Истрефи, објавуваат некои медиуми од соседството. Како мотив сите медиуми медиуми наведуваат  дека станува збор за “крвна одмазда”, а со оваа семејство го поврзуваат  поради ликвидирање на нивниот 23-годишен син .