Во Струмица започнуваат вежби за евакуација во училиштата

од Даниел Ѓорѓиевски
11 прегледи

Во наредните денови, основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица ќе спроведуваат редовни вежби за евакуација во случај на пожар. Активностите се организираат во соработка со Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, а нивната цел е зголемување на безбедноста на учениците и училишниот персонал.

Градоначалникот Костадин Костадинов потврди дека вежбите ќе се одржуваат во континуитет и апелираше до граѓаните да не се вознемируваат доколку забележат интервенции или активности на противпожарните екипи.

„Овие симулации се дел од нашите превентивни мерки за заштита и навремено реагирање во итни ситуации. Ќе се одржуваат еднаш неделно во различни училишта со цел подобрување на подготвеноста на учениците и наставниот кадар“ изјави Костадинов.

Од ТППЕ Струмица додаваат дека секое училиште може да се обрати до нив за поддршка и спроведување на законски предвидените годишни вежби за евакуација.

Слични содржини