Во судир на два чамци во Грција загинаа најмалку две лица

од desk4
129 прегледи
   Две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа во близина на Пелопонез, во областа Арголида, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката крајбрежна служба, Христина Харлафати за грчката телевизија „Уан“ (One), изјави дека на едниот 10 метарски чамец имало осум до 10 лица, Англичани, додека пак во другиот, петметарски дрвен чамец се превезувале тројца Грци. Двајца од нив го загубиле животот, а третото лице, жена е сериозно повредена.

За сега нема информации кои се причините за несреќата и што точно се случило, а според грчките медиуми, големиот чамец со туристите, веројатно глисер или јахта поминал преку дрвениот чамец, веројатно рибарски.

На местото на несреќата пристигнаа бродови на грчката крајбрежна служба како и приватни чамци. ср/ми/