Во судир со пожарникарски камион близу Атина загина 61-годишна Бугарка

од desk2
14 прегледи

Жена на возраст од 61 година почина од повредите задобиени во сообраќајна несреќа попладнево во Кератеа, југоисточно во Атина, кога возилото со кое управувала се судрило со пожарникарски камион, јавија грчките медиуми.

Жената, која е бугарска државјанка, била пренесена в болница во Атина, каде набргу починала.

Двајцата пожарникари во камионот задобиле полесни повреди и биле пренесени во болница на Военото воздухопловство на Грција. Возачот на камионот бил првин уапсен, а потоа ослободен, на барање на обвинителот.

Инаку, и близу Атина и на Пелопонез беснеат огромни пожари. Во градот Патра, третиот по големина во Грција, вечерва се евакуираат илјадници жители откако пожарот почна да ги зафаќа периферните населби.

Пожарот јуриша во Патра и ги зафати периферните населби. Се евакуираат илјадници жители, 550 автомобили изгореле во царински склад

Слични содржини