Најмалку 300 луѓе загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во нападите на милитантната палестинска група Хамас врз Израел, соопштија денеска локалните власти.
Од друга страна, палестинското Министерство за здравство соопшти дека во нападите на израелските сили на Појасот Газа загинале 232 Палестинци, а речиси 1.700 се ранети.
Израелскиот совет за национална безбедност донесе одлука да го прекине снабдувањето со електрична енергија, гориво и стоки за Газа и одобри чекори за „уништување на воените и владините капацитети на Хамас“, се вели во соопштението на тоа тело, пренесува Ал Џезира.