Во регионалниот суд во Москва каде дојде до пукање, има четири мртви и повеќе повредени.

Според првичните извештаи две лица беа повредени , односно стражарот и судски службеник, изјави адвокат, кој во моментот на инцидентот се наоѓал во Судот.
Но, последните извештаи јавуваат за четири мртви, а повеќемина повредени на сослушување на криминална банда од девет лица, кои се обвинети за тероризирање на московските патишта, убивајќи повеќемина моторџии.
Неколку членови на криминалната група ГТА, се убиени, откако ги разоружале чуварите, а потоа почнале да пукаат по сите, јави ТАСС.
Портпаролката на судот Наталија Осипова за РИА Новости вели дека зградата е евакуирана, а сите состаноци и судења се откажани.
Ројтерс, повикувајќи се на изјава на адвокатка на обвинетите пренесува дека на судењето присуствувале 11 обвинети, а убиени се четвроица. Таа информација ја добиле од главниот истраќител на случајот.
Останатите се разоружани и однесени во притвор, јавува ТАСС. Од најблиските станици на Итната помош се вели дека лекарски тимови се упатени во судот.