307
Со триумфот на Реал Мадрид во Ла Лига, тренерот Карло Анчелоти стана единствениот тренер во светот со титули во петте големи европски првенства – Шпанија, Англија, Италија, Франција и Германија.
Италијанецот има „златни медали“ од Серија „А“ со Милан (2003/04), Премиер лигата со Челси (2009/10), Лига 1 со Пари Сен Жермен (2012/13) и Бундес лигата со Баерн (Минхен) (2016 /17).
Тој е и еден од тројцата стручњаци со три трофеи во Лигата на шампионите (два со Милан и еден со Реал Мадрид).
Анчелоти моментално го „тера“ вториот мандат на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот договор е до летото 2024 година.