Во светот повеќе од 2,4 милиони луѓе починаа од коронавирус, заразени 110 милиони

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Најмалку 2.441.926 лица починале од коронавирус во светот до денес, повеќе од 110.262.590 се заразени, додека најмалку 67.666.600 се опоравиле, покажуваат најновите податоци собрани од агенцијата Франс прес до пладне по средноевропско време.

Податоците се базираат на дневни извештаи на здравствените власти во секоја земја и ги исклучуваат накнадните ревизии од страна на статистичките агенции.

Во четвртокот, регистрирани се 11.633 смртни случаи од коронавирус ширум светот и 403.810 новозаразени лица.

Земји со најмногу смртни случаи вчера се САД со 2.839, Бразил со 1.367 и Мексико со 1.047 смртни случаи.

Соединетите држави беа најтешко погодени од пандемијата на коронавирус со 493.119 смртни случаи и 27.895.990 заразени, според Универзитетот Џон Хопкинс.

Слични содржини