143
По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Техеран во знак на протест против САД.
Бројни демонстранти носеа фотографии со ликот на Сулејмани, а неколку од нив го палеа американското знаме, објави Си-Ен-Ен.
Во Иран е прогласена тридневна жалост по повод смртта на Сулејмани.
Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, беше убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.