
Оттаму посочуваат дека СДСМ со, како што велат, својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена.
– СДС воопшто не се грижи за потребите и интересите на македонскиот народ. Покрај тоа што прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни. СДС се обидува да го пролонгира одржувањето на локалните избори бидејќи немаат смелост да се соочат со македонскиот народ, по сето она што сторија. Време е СДС да се освести, да собере храброст и да обезбеди датум за одржување неопходните локални избори. Доколку Зоран Заев е храбар нека се согласи во рамките на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека одржувањето на локални избори нема никаква поврзаност со формирањето на владата.
ВМРО ДПМНЕ според извори на Локално.мк дефинитивно не учествуваат на денешната координација.

Несериознота на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија 5 месеци без Влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и советници, порачуваат од СДСМ.
Доведени се во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси кои се под ризик да не добиваат плати и надоместоци, а граѓаните да не ги добиваат потребните општински услуги.
Ова треба да биде последно предупредување до Ѓорге Иванов кој под итно треба да дејствува и да го додели мандатот за состав на Влада на претседателот Зоран Заев.
Иванов е должен да ги следи граѓанските и државните интереси, а не интересот на Никола Груевски, порачуваат од СДСМ