Во тек е сајбернапад од невидени размери: Цел се десетици илјади организации

од Vladimir Zorba

Белата куќа издаде предупредување за хакерски напади доживеани од системот за е-пошта на Microsoft Exchange, за кои се верува дека потекнуваат од Кина.

– Ова е активна закана. Секој што ги користи своите сервери, од владини и образовни институции до приватниот сектор, мора да биде буден, изјави Џен Псаки, портпарол на Белата куќа.

Microsoft потврди дека хакерите ги користеле нивните сервери за да ги нападнат целите, а се верува дека десетици илјади организации биле нападнати.

Според Би-Би-Си, американските власти веќе подолго време ја обвинуваат Кина за сајбер-шпионажа, што Пекинг го негира. Псаки пред новинарите изјави дека Белата куќа е загрижена за бројот на погодени организации и поединци и рече дека ранливоста во системот на Microsoft може да има уште потешки последици. Според некои, независни експерти, досега се хакирани дури триесет илјади организации.

Еден од директорите на Microsoft, Том Барт, објави за пробивот на безбедноста на својот блог и откри дека компанијата работи на ажурирање на системот за да ги „закрпи“ дупките што им овозможија на хакерите да ја нарушат безбедноста на системот.

Слични содржини