Во тек е трет ден од историското судење против Доналд Трамп во Сенатот.
Демократските лидери кои ја водат постапката на отповикување треба да ги заклучат своите излагања во врска со тоа дека Трамп поттикнал бунт во Капитол на 6 јануари. Демократите имаат 8 часа за нивно излагање.
Тимот за одбрана на Трамп ќе го започне своето излагање утре.
Вчера на судењето беа прикажани нови, досега невидени, снимки од бунтот. Едно видео го покажува сенаторот Мит Ромни како трча додека полицијата го предупредува на толпата која надоаѓа.
Мајк Пенс беше скриен веднаш до главната просторија во Сенатот, а спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси беше веднаш евакуирана.
„Толпата активно ја бараше Пелоси и јавно ја искажа својата намера да ја повреди или убие, изврши претрес во нејзината канцеларија и го тероризираше нејзиниот персонал – тоа го сторија затоа што Доналд Трамп ги испрати во ‘мисија’“, рече лидерот на Долниот дом Стејси Пласкет за CNN.
За Трамп да биде прогласен за виновен, 17 републиканци ќе мора да се свртат против нивниот поранешен претседател.