-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите, соопштија од МВР.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев утрово соопшти дека по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се учениците од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

-Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни, објави Јанчев.