При финансиска катастрофа жените бараат утеха во сексот, покажува новото истражување, според кое во тешки времиња сексуалната активност на дамите се зголемува.
90% од жените се подготвени да работат повеќе во отсуство на пари, 52% ги намалуваат трошоците, а 34% имаат повеќе секс. Тоа е утеха за над една третина од анкетираните.
Во тешки моменти 51% од мажите бараат сочувство од своите партнери, 21% се консултираат за совет со нив, а 14% сметаат дека најдобар антидепресив е сексот. 8% велат дека слободното време и хобиата помагаат најмногу.
Спротивно на популарното верување за пад на сексуалната активност при постоење на проблеми, анкетата покажа дека партнерите всушност имаат секс почесто, кога доживуваат финансиски тешкотии. Особено силно се забележува при паровите со повеќе сексуални проблеми.