Американскиот државен секретар Џон Кери за време на утрешниот престој во Тирана ќе се сретне и со косовскиот вице-премиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи, објави приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на извори извори во Владата на Косово.

Според истите извори, како што јави дописникот на МИА, тема на средбата ќе биде политичката криза во Косово, како и можниот избор на Тачи за нов косовски претседател.

images

Шефот на американската дипломатија на аеродромот во Тирана ќе слета во 9 часот, каде ќе го пречека алабанскиот претседател Бујар Нишани. По разговорите со Нишани, Кери прво ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, а потоа со премиерот Еди Рама. По средбата, Рама и Кери ќе дадат изјави, но на новинарите нема да има биде дозволено да поставуваат прашања.

Високиот американски гостин ќе се сретне и со лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, а неколкучасовниот престој во Тирана ќе го заокружи со средба со фрупа млади луѓе, од каде ќе упати порака за иднината и предизвиците на Албанија.

За безбедост на Кери ќе се грижат над 1.500 полицајци, а во рамките на планраните мерки за безбедност се вклучени и припадници на албанската армија, тајната служба ШИШ и на американските бебзедносни агенции. Од воздух за време на престојот на Кери, состојбата ќе ја набљудува воен хеликоптер./МИА

Слични содржини