Во торба најдени 54 човечки шаки крај река во Русија (Фото)

од desk2
73 прегледи

На истокот на Русија, кај градот Хабаровск, на брегот на реката Амур, пронајдена е торба со 54 човечки шаки, пренесе Index.hr повикувајќи се на руски медиуми.

Како што пишува Russia Today, шаките ги нашле рибари откако еден згазнал на отсечена рака која ѕиркала од замрзнатото тло. Рибарите повикале полиција која го истражува случајот.

Покрај нагаѓањата на социјалните мрежи, полицијата објави дека најверојатнос е работи за медицински остатоци, кои нелегално се одложени.

Локалните медиуми шишуваат дека шаките може да им припаѓаат на неидентификувани лешови. Имено, кога во мртовечница ќе стигне лице чиј идентитет не е познат најчесто му ја отсекуваат шаката за да му земат отисоци од прстите.

Полицијата се сомнева дека во овој случај токму тоа се случило, а таа теза ја поткрепува и фактот што недалеку од торбата со шаки најдени се медицински завои и навлаки за чевли. Според законот, таков отпад мора да се кремира или да се закопа во специјална гробница.