Во петокот во Турција 6 000 полицајци, државни службеници и академици беа оотстранети од позицииите во врска со државниот удар во земјата од јули 2016 година, пренесува “Индипендент”, повикувајќи се на објавените во турскиот “Службен весник” декрети.

Според новата наредба отпуштањата ќе влијаат точно врз 2 687 полицајци, 2 537 службеници од министерствата за правда и здравство, 634 академици и 135 претставници на Дирекцијата за религиозни прашања. .
Уредбите пропишуваат дека ќе им биде одземено државјанството на секој Турчин кој живее надвор од границите на земјата, кој бил повикан од турските власти и не се јавил на распит во рок од 3 месеци.