Во Турција се користи колонска вода како дезинфекциско средство

од Elena Daskalova
1,6K прегледи

Колонската вода има навистина големо културолошко значење во Турција и е знак на почит, често се дели бесплатно во ресторани и во козметички салони.

Со почетокот на ширење на заразата со коронавирус, во Турција порасна побарувачката за колонска вода, наведува агенцијата Анадолу. Традиционалната турска колонска вода се базира на висок процент на етанол, кој пак има дезинфекциски својства.

За АА, сопственикот на компанијата „Ејуп Сабри Тунџер“, Енгин Тунчер, изјавил дека колонската вода со мирис на цитрус, особено лимон е направена со највисок процент алкохол, околу 80%, а раководството одлучило да продава по еден и пол литар на личност.

„Литар и пол е доволен за два месеца, а само неколку капки колонска вода се доволни за дезинфекција“, додавајќи и дека производите со мирис на јасмин, лаванда или бел чај содржат 70% алкохол, што и понатаму ги прафи ефикасни во дезинфекцијата.

Ефикасноста конкретно на колонските води не е научно потврдена од СЗО, но големиот процент на алкохол ги прави доволно ефикасни како дополнителна мерка заедно со редовното миење раце.

Слични содржини