Турската полиција уапси две државјанки на Русија на границата со Сирија откако илегално влегле во земјата.

Двете жени се уапсени во пограничната провинција Килис под сомнение дека се членки на Исламска држава. По жените Интерпол има издадено потерница.

Со двете жени патувале и три дева.

Русинките се уапсени само неколку дена откако лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади е убиен во северозападна Сирија во близина на границата со Турција во операција на американските специјални единици.

Слични содржини