Во ватикански музеј пронајдени две ремек дела на ренесансниот сликар Рафаело

од desk2
104 прегледи

Две ремек дела на ренесансниот сликар Рафаело откриени се во Ватикан за време на чистењето и реставрацијата на една соба во Ватиканскиот музеј.

Овие слики настанале пред 500 години, а стручњаците верувале дека станува збор за негови последни дела кои настанале во 1520 година.

„Знаејќи дека тоа се последни дела кои ги сликал, речиси имате чувство дека маестрото е тука“, вели водителот на реставрацијата.

Стручњаците веруваат дека женските алегориски фигури на Слободата и Правдата кои се насликани на ѕидовите на Константиновата соба се незавршено дело на Рафаело настанато во 1519 година. По неговата смрт други уметници го завршиле ѕидот, но неговите слики се заборавени.