Во веганскиот ресторан на Новак Ѓоковиќ во Монте Карло:Безглутенско пиво, соголен бургер и метеж во два часот попладне

од Vladimir Zorba
377 прегледи

 

Ѕирнете во можеби најздравото катче на гламурозното Монте Карло

Речиси нема особа во Србија која, во намера да ги следи настаните во светскиот тенис- што во значителна пропорција се однесува на информациите и резултатите за настапите и кариерата на Новак Ѓоковиќ, во последната година дена не се интересирала за темата на неговата исхрана..

„Спасоносно мени„ за нашиот народ е сармата, бурекот, скарата, па секогаш кога се навивало за Ноле во финалето на турнирите ширум светот ,ете ја забавата на српски начин со традиционалната трпеза.

За тоа време брачниот пар Новак И јелена Ѓоковиќ- во соработка со кулинарските мајстори за тој вид храна, многу дискретно и со вистинска мерка го развивале својот угостителски концепт базиран на првиот и очечуван ланец ресторани , кој под широката дефиниција „веганска исхрана„ промовираат хармонија меѓу луѓето , со природата и останатите животински видови.

Сугестивно наречен „Еквита„, лоциран во епицентарот на луксузниот кварт на Монте Карло и покрај таквите зданија како што е Форум Грималди(владетелското семејство на кнежевството Монако) и ширум светот прочуениот луксузен ресторан „Ќиприани„ , со ненаметлив и пријатен ентериер и екстериер овој концептуален угостителски објект од самиот влез остава впечаток дека се во него е исклучително грижливо и смислено ситуирано , со повеќе лични ноти на споменатиот брачен пар.

 

ХАРМОНИЧНОТО КАТЧЕ НА НОВАК И ЈЕЛЕНА

Еквита„ е место кое ќе ги инспирира луѓето да ја избираат поздравата исхрана во нивниот секојдневен живот. Таа е концепт , љубовна приказна и тоа мојата лична- бидејќи ја делам со мојата Јелена„ на секое мени стои уводниот цитат со потписот на авторот , Новак Ѓоковиќ..

„Нашата желба е Стефан да порасне во свет во кој луѓето се сакаат, имаат обзир и почитување кон природата, своја и на животинскиот вид.Ќе го учиме од мали нозе како треба да го храни умот и телот- што значи јадење без пестициди, кои се од органска природа, базирани на растенија и подготвени со љубов. Ова е нашата семејна филозофија и цел зад концептот на Еквита, сопругата Јелена го дополнува Новак.

Од дваесет и пет помали маси за просечно двајца гости во два часот попладне- веќе половина беа полни, и тоа по се изгледа со редовните клиенти.

Од влезот не поздрави симпатичен бармен, по потекло од индискиот подконтинент, а персоналот доаѓа од латинското говорно подрачје (италијани и французи).

Првиот кадар од лева страна е резервиран за пригодна инсталација од тениското наследство(рекетите од средината на минатиот век и аранжман на топчиња), а од десната-„долче вита„ тоест сладок живот отсликан со голема витрина со многу привлечни десерти и вина.

Во просторот доминираат бои и прикази на природата- вертикална бавча, ѕидови во дрво, билки во разни поставки- а влијанието на тенисот е потцртан со еден „хај-тек„ елемент на ентериерот- со тесни вкрстени стаклени осветлени површини(линии на тенискиот терен) кои склопуваат декоративен „патерн„ на ѕидовите на локалот покрај крупн прикажаните лајт-мотиви. „Еквита концептот„на хармонија и усогласеност . „Среќа, можност, исхрана, свеж воздух, искуство, тело, природност, верување, здравје, надеж, промена„ се тие бирани зборови испишани со големи букви, покрај кои се наоѓаат цитати од неколку на сопствениците омилени филозофи, мислители, научници и историчари(Хипократ, Хант, Урих)

 

На таванот висат старински бакарни светилки со автентичен изглед, а мотивите на ѕидовите – меѓу кои доминира неколку отворени прозорски капаци на селска куќичка – облагородени со разни експонати , меѓу кои се најчести книгите со рецепти  за овој вид кујна – како и фотографија на „ врховните домаќини„ на Монте Карло – принцот Алберт и принцезата Шарлин. Сегментот на ентериерот по кој често се рангираат рестораните –„приватните одаи„ – јасно се инспирирани со синилото и сончевината на Медитеранот (пред се на Грција И Шпанија) со голем натпис на ѕидот „What A Feeling!„ („Какво чувство„ алудирајќи на добро расположение- но евидентно и „олеснување„

ВО МЕНИТО И БЕЗГЛУТЕНСКО ПИВО

Она што е секако најважно- самото мени на ресторанот Еквита- го оставивме за крај.

Составен е од десет сегменти- предјадења, главни јадења и салати, десерти, прилози, свеќи џусови, смути, топли напитоци, вина, безглутенско пиво и млеко,цеден џус од бирани зелени растенија..

 

Од предјадењата – би ги издвоиле (во стилизиран превод) „Лажна паштета со крцкава палента„ –Faux Gras With Polenta Crisps- правена од смеса на тиквички и крцкава палента и крутони, дехидрирани црни маслинки , препечени бадеми и паста од гоџи боровинки.ЦЕната е тука некаде како за една „Караѓорѓева„ негде во Скадарлија , што е и за Белград и за Монте Карло сосема океј.

Во главните јадења, погледот прво ни го привлече„Соголениот бургер„ , во кој„плескавицата„ е составена од смеса од мелен препечен орев и црн грав , со млада зелена салата, мармалад од јаболка и тиква, домашен јаболков оцет и патлиџан пире, препечени благи и домашни компирчиња и портобело печурки..

Суровата Лазања на Еквита „нанижала„ слоеви кремаста смеса од индиски ореви и рикота сирење, мариниран со сонце сушен патлиџан, песта од фстаци и магдонос , црвена зелка и масло од растителна инфузија.

Менито содржи и комбинации на јадења за брз ручек , како и за посебна селекција за најмладите гости- и тоа со „пицата„ на Еквита , детска паста, чоколадна торта, овошна салата и избор на свежо цеден џус.Во селекцијата на смути напитоците се истакнуваат „Тајната на Новак„, „ Сјајот на Јелена„ и „ Шејкот на Стефан„ ..

Шеснаесетте видови на вино и шампанско ќе послужат убаво да се наздрави , а тоа исто ќе можат да го направат и најмладите и најстарите со пет различни видови на млеко(бадемово, кокосово млеко млеко со ладно кафе, куркума).

Дека грижата за ближниот и почитувањето на природната хармонија се мотиви по кои сите се собрани околу концептот „Еквита„- видовме на крајот на нашиот престој кога услужниот келнер во манир на вистински џентлмен ја зеде „под рака „ една бабичка и ја испрати до таксито…

Светлана Вељановска