Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

од Radmila Tasevska
199 прегледи

Рекордна количина од 5,7 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 52,62 милиони евра, е запленета во пристаништето Саутемптон во Велика Британија, скриена во пратка со банани од Јужна Америка.

Кокаинот бил откриен на 8 февруари, а пратката била наменета за Хамбург, Германија, пренесува „Скај њуз“.

Полицијата соопшти дека сега работи на откривање на криминални мрежи вклучени во шверц на кокаин.

Слични содржини