Во Владата одбележан Меѓународниот ден на човековите права

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска во свечената сала на Владата го одбележа 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

На настанот, како што информираат од Агенцијата, присуствувале дел од пратениците од малите заедници и претставници на невладиниот сектор.

На одбележувањето се обратиле директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието, Арбана Паошоли, националниот координатор за едно општество и интеркултурализам Роберт Алаѓозовски и Марио Канелопулу од Делегацијата на Европската унија во земјава.

„Денес се одбележува усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права што беше усвоена од државите членки на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948 година во Париз. Човековите права и слободи се прва и најголема обврска на државата и сите нејзини институции“, се вели во соопштението.

Слични содржини