Во Владата се реализираше примопредавањето на премиерската функција, следеше тет а тет средба

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Досегашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја предаде премиерската функција, на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.

Претседателот на Владата Џафери беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет а тет средба и изјави за медиумите.

На средбата досегашниот премиер Ковачевски, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака успешен мандат и ефикасна работа, во името на интересите на сите граѓани и на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт.

Двајцата, заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Северна Македонија.

Слични содржини