ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА повеќе од 300.000 починати: ​​Поголема смртност во земјите на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Во периодот од март до октомври минатата година, во земјите на Европската унија починале 297.500 повеќе луѓе, отколку во истиот период од 2016 до 2019 година, според податоците на „Евростат“.

Статистичките податоци покажуваат дека зголемената стапка на смртност низ ЕУ достигнала врв во раната фаза на пандемијата на коронавирусот во април 2020 година и изнесувала 24,9 проценти. По летното затишје, бројот на жртвите скокна на есен.

Најголем пораст на бројот на смртни случаи има во Полска со 97,2 проценти, потоа Бугарија и Словенија со 94,5 и 91,4, соодветно, додека најнизок морталитет е забележан во Данска, Финска и Естонија, од 5,5 до 6,4 проценти. Со 0,7 проценти помалку смртни случаи, Норвешка, која не е членка на ЕУ, е единствената земја опфатена со анализата, која не забележа поголем број смртни случаи во ноември 2020 година.

Значителното зголемување на смртноста се совпаѓа со пандемијата на ковид-19, но податоците на „Евростат“ не ја класифицираат смртноста според причините за смртта, полот и возраста.

Слични содржини