Во вторник ќе биде познат пакетот антикризни мерки кој што Владата го најави за помош на најранливите категории граѓани, како и за помош на приватниот сектор. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
-Во вторник има седница на Влада. Тогаш ќе има повеќе информации за се што содржи најновиот пакет на антикризни мерки на Владата, рече денеска министерката.
Mинистерот за финансии Фатмир Бесими уште во септември соопшти дека Владата набрзо ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки. Според него, пакетот ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.
Владата уште претходно најави дека одредени антикризни мерки, кои ќе бидат насочени за ранливите категории граѓани, веќе со почеток на ноември би требало да бидат активни.
Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи досега во Буџетот се обезбедни околу 70 милиони евра за пакетот антикризни мерки.