Владата планира во вторник да се задолжи кај домашните кредитори со 813 илјади евра, а iсто толку следниот ден доспева за враќање.
Се уште е неизвесно дали Министерството за финансии на закажаната аукција на државни хартии од вредност ќе ја земе оваа сума или задолжувањето ќе биде повеќе или помалку од она што е планирано. Со само три аукции на државни хартии од вредност од почетокот на годинава, Владата зеде речиси 32,5 милиони евра повеќе од првично планираното.
Последните податоци говорат дека вкупниот јавен долг за три месеци се зголемил за 283 милиони евра и на крајот на 2015 година изнесувал 4,2 милјарди евра.
