На денешниот протест кој се одржа пред Триумфална капија соопштена е веста дека првото рочиште по граѓанската тужба која исклучените ја поднесоа против БЕГ и Регулаторна комисија за енергетика ќе се одржи во Вторник 23. 06 .2015 со почеток во 12:00 часот во големата сала на Врховен суд. Судењето е отворено за сите граѓани, медиуми и организации, а собирањето на граѓаните ќе биде во 11:30 пред зградата на Врховен суд.
Тужбата се однесува на повреда на човекови права загарантирани со Устав и Закон на Република Македонија, а ги прекршија БЕГ ДООЕЛ и Регулаторна комисија за енергетика со донесување и примена на Правилник со кој граѓаните се принудуваат да плаќаат, а ништо не добиваат.
