На својот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов извести дека во завршна фаза е проширувањето и асфалтирањето на сервисната улица што се наоѓа на влезот во Клинички Центар, на бул. Мајка Тереза.
-Целосно го завршивме проширувањето и асфалтирањето на сервисната улица што се наоѓа на влезот во Клинички Центар, на бул. Мајка Тереза.Екипите на ЈП „Улици и патишта” направија замена и санација на страничните рабници, го асфалтираа потегот во должина од шеесетина метри, обележана е хоризонталната сигнализација, поставени се рефлектирачки столпчиња и комплетно е одвоена една сообраќајна лента од левата страна, којашто е наменета исклучиво за специјалните возила на брзата помош, како и една лента од десната страна наменета за пациенти во инвалидска количка или со други помагала, напиша Шилегов.