Во земјотресот во Мароко загинаа 2.012, а беа повредени 2.059 луѓе

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко се искачи на 2.012, се наведува во соопштението на мароканското Министерство за внатрешни работи.

Бројот на повредени се искачи на 2.059, од кои 1.404 се во критична состојба, додаде Министерството, пренесе АП.

Мароко прогласи тридневна национална жалост по разорниот земјотрес. Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период на жалост, се вели во соопштението на кралската палата, еден ден по земјотресот со јачина од 6,8 степени.

Слични содржини