80 заложници се ослободени во првиот час од освојувањето на хотелот “Радисон Блу” во Бамако, главниот град на Мали, соопштува францускиот весник “Фигаро”, цитирајќи ја државната телевизија во африканската република.
Рано утринава вооружени луѓе заробија над 170 лица во хотелот со пет ѕвезди.
На пладне американските сили за безбедност почнаа напад, објави електронското издание “Жон Африка”, повикувајќи се на извори на ОН. Непосредно пред тоа од хотелот беа изведени две жени.
Има тројца убиени, објавија локалните власти. Едниот е државјанин на Франција, а другите двајца – на Мали.
(ГАЛЕРИЈА) Најмалку деветмина ликвидирани во крвавиот пекол во Мали
Меѓу гостите на хотелот се сметаше дека е нигерискиот милијардер Алика Данготе, најбогатиот човек во Африка. Состојбата на богатството му изнесува 2,6 милијарди долари и во 2014 година тој беше 23-от најбогат човек во светот според списанието “Форбс”. Подоцна, сепак тој негираше и прецизира на Твитер дека бил во Мали вчера.
Се тврди дека во почетокот терористите ослободувале заложници, ако цитираат Сури од Куранот.
Нападот е дело на салафисткиот Фронт за ослободување на масите, изјавија од тајни служби на Мали. Ова е втора по сила исламистичка група во Африка по нигериската “Боко Харам”.
Еден од ослободените заложници сепак изјави за . “Дејли телеграф” дека ги чул киднаперите како зборуваат меѓусебно на англиски.
Цел на напаѓачите биле екипи на француската авиокомпанија “Ер Франс”, објавува електронското издание “Жон Африка.
Меѓу заробените се 7 Кинези и тројца Белгијци. Веројатно има и Американци.
Тројца пилоти од Турската авиокомпанија успеале да избегаат, соопштија владини извори во Анкара.
Нападот се случува додека малиският претседател Ибрахим Бубакар Кеита е на регионален самит во Чад.
Тројца тешко вооружени напаѓачи упаднале во хотелот рано утринава. Тие поминале низ бариерата непречено, бидејќи биле во автомобил со дипломатски таблички. Во хотелот терористите отвориле оган .
Според локалниот бизнисмен Гарбо Конан сепак напаѓачите се 10 на број. Тие ги застрелале чуварите пред хотелот и влегле внатре извикувајќи “Слава на Аллах!”, изјави Конан по телефон за телевизија “Ал Џезира”.
Мали е едно од гнездата на исламскиот екстремизам во Африка. Во пролетта 2012 година северниот дел на оваа африканска земја беше преземена од групи поврзани со “Ал Каеда”.
Од оваа поранешна француска колонија се дел од терористите,кои ја нападнаа во јануари редакцијата на списанието “Шарл Ебдо” во Париз и продавница за еврејска храна.
Истовремено Мали е посетена од голем број туристи поради знаменитостите .

