ВО ЖИВО од потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Договорот за спорот за името ќе се потпише во преспанското село Нивици или Псарадес на грчки. Потпис на договорот за решавање на 27 годишниот спор за името, ќе стават македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи  Никола Димитров  и Никос Коѕијас како и специјалниот посредник Метју Нимиц. Освен  премиерите Заев и Ципрас, на потпишувањето на Договорот ќе присуствуваат и еврокомесарите Могерини и Хан и заменичката на генералниот секретар на ОН.

По потпишување на билатералниот договор, протоколот предвидува заеднички ручек на делегациите но во македонскиот дел на Преспа. Ова ќе биде и прва посета  на грчки премиер на Македонија, по повеќе од една деценија.

Потпишувањето на договорот ќе го следат и протести. Населението од Северна Грција се мобилизира за утрешните протести во Преспа. Демонстрациите ги организира „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“ кои организираат и автобуски превоз за оние кои ќе сакаат да учествуваат на протестот.

Во Битола, протестен марш ќе одржи опозициската ВМРО ДПМНЕ, која смета дека „договорот е штетен и е во спротивност на националните интереси“.

Очите на Европа денес свртени кон Преспа

Денес еворпските медиуми го најавуваат чинот на потпишувањето и јавуваат дека денес се потпишува историски договор кој може да стави крај на 27годишен спор.

Според агенцијата АФП “дипломатските експлозивни разлики помеѓу Грција и нејзиниот балкански сосед можеби ќе бидат решени денес со потпишување на историски договор за промена на името на поранешната југословенска Република Македонија во Северна Македонија”.