ВО ЖИВО: Путин го потпишува договорот за пристапување на нови територии во РФ

од Stefanija Kuzmanovska

Во Кремљ се одржува церемонија на потпишување на договорот за пристапување на нови територии кон Руската Федерација.

Путин рече дека народот донел одлука и дека е сигурен дека Думата ќе поддржи влез на нови субјекти во Руската Федерација.

„Тоа е волја на милиони луѓе. Тоа е нивно право, право на самоопределување и право засновано на историско единство“, рече тој.

Рускиот претседател побара сите во салата да станат во чест на, како што рече, хероите од специјалната воена операција, и беше одржано едноминутно молчење.

„Нескротливите луѓе на Донбас, Запорожје и Херсон го кажаа својот збор. Тие стануваат наши граѓани, засекогаш“, рече Путин, по што беше поздравен со громогласен аплауз.

Путин доцна синоќа потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. Териториите на Доњецката и Луганската Народна Република беа, како што рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, анектирани во границите од 2014 година, односно во границите во кои Русија ја призна независноста на тие територии во февруари оваа година.

Слични содржини