Во ЗОО Скопје, пристигнаа пингвините од Русија (ВИДЕО)

од Берта Китинска
376 прегледи

Вчера од Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата ( три машки и три женски), соопштија од Скопје ЗОО.

-Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште, велат од скопската Зоолошка градина.

Слични содржини