Водечки британски експерт: Британскиот вид предизвикува 98 отсто од сите инфекции во земјата

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Варијанта на коронавирусот, откриена пред неколку месеци во Велика Британија, сега „преовладува“ и предизвикува 98 отсто од сите инфекции во земјата, рече во четвртокот водечки британски експерт.

Шерон Пикок вели дека британската варијанта позната како Б.1.1.7 станува сè почеста во повеќето од стотиците земји во кои се проширила.

„За педесет отсто е полесно да се пренесе и тоа е тајната на нејзиниот успех“, рече Пикок, водач на група научници кои ги следат мутациите на коронавирусот.

Варијантата Б.1.1.7, откриена во септември 2020 година, има 23 мутации во генетскиот код, што е релативно голем број и експертите веруваат дека е 40-70 отсто позаразна од претходно доминантните варијанти.

„Носи значително поголема смртност“

Пикок исто така рече дека британското истражување објавено во средата покажува дека Б.1.1.7 носи „значително поголема“ смртност, што значи дека заразените со варијантата умираат 30 до 70 отсто повеќе од заразените со другите варијанти.

Светската здравствена организација објави дека Б.1.1.7 е една од неколкуте „загрижувачки варијанти“, покрај оние што се појавија во Јужна Африка и Бразил.

Варијантите се мутирани верзии на вирусот САРС-КоВ-2, кој предизвикува ковид 19 и досега уби повеќе од 2,7 милиони луѓе ширум светот.

Слични содржини