353
Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека луѓето ќе мора да носат маски уште неколку месеци со цел да го избегнат коронавирусот додека трае акцијата за вакцинација.
Фаучи за ТВ АБЦ изјави дека откако ќе се вакцинираат од 75 до 80 проценти од населението, нивото на вирусот во заедницата може да се намали за да можат некои строги мерки за јавното здравје да се олабават, пренесува АП.
Сепак, епидемиологот додава дека секое релаксирање на безбедносните мерки треба да се направи „претпазливо и постепено“.
Тој посочи дека Соединетите држави договориле 600 милиони дози на вакцина, што е доволно за сите да бидат вакцинирани со две дози до јули.