Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, светската пејачка Лаура Паузини, објави дека во финалето на натпреварот што се одржа во саботата, за малку ќе се онесвестила од стрес, како што првично мислела, а потоа била тестирана и била позитивна на коронавирус.
– Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од акумулиран замор, но не беше. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа на Инстаграм.
Сепак, сега ви откриваме дека проблемите започнале неколку дена порано. Имено, Лаура не се појавила на ниту една проба од дури три, колку што се одржале пред финалето. По тој повод, италијанскиот водител Алесандро Кателано, со кој заедно со Мика Лаура го водеше ова натпреварување, на новинарите им го кажа следново:
– Лора денеска нема да биде на проба со нас. Не грижете се, не е ништо страшно, само треба да се одмори, не се чувствува најдобро – им порача Кателано на насобраните новинари во петокот (ден пред финалето).
Наместо Лаура, на сцената имаше членови од продукцијата, кои се менуваа во текот на целата проба. Очигледно е дека уметницата и водителка ги почувствувала првите симптоми уште пред финалето, па прашање е како е можно таа да ја водеше програмата, бидејќи делегациите, учесниците, новинарите и сите во публиката поминаа низ строги протоколи, тестови на на секои два дена итн.
Исто така, сега се поставува прашањето дали другите членови на менаџерскиот тим се позитивни на овој вирус.