257
Градот Скопје во текот на денешниот ден редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје“, стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека сите населени места во Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.