Воен авион се урна над Медитеранот, загинаа пет американски војници

од Nikola Popovski
333 прегледи

Пет американски војници загинаа откако воен хеликоптер се урнал над источниот дел на Средоземното Море за време на тренинг вежба, јавува АП повикувајќи се на американски официјални претставници.

Командата на европската армија соопштила дека сите пет членови на екипажот загинале кога авионот се урнал „за време на рутинска мисија за полнење гориво во воздух како дел од воената обука“.

Војската за прв пат вчера соопшти дека дошло до несреќа и дека се истражуваат причините, но дека нема индиции за некаква непријателска активност.

Денеска било соопштено дека „напорите за потрага и спасување започнале веднаш“.

Европската команда соопшти дека поради почит кон семејствата на војската и во согласност со политиката на тамошното Министерство за одбрана, идентитетот на членовите на екипажот нема да се објавува 24 часа додека не бидат известени семејствата на загинатите.

Претходно беше објавено дека ловец Ф-18 на американското воено воздухопловство се урнал во близина на воздушната станица на Маринскиот корпус Мирамар во Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија.

Слични содржини