Воена зона во Сиетл: Горат згради, судири меѓу полицијата и демонстрантите (видео)

од Nikola Popovski
164 прегледи

Судири меѓу демонстрантите и полицијата избувнале за време на протестите против полициската бруталнност во Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон. Според официјалните податоци, уапсени се 25 лица, а тројца полицајци се повредени.

Демонстрантите оштетиле неколку згради и предизвикале пожар на градилиштето на Центарот за притвор за малолетни лица, па полицијата прогласила вонредна состојба поради „ризикот по јавната безбедност“.

Локалната полиција исто така објави дека демонстрантите користеле „некаков вид експлозив“, без да прецизираат за кој тип станува збор.

Снимките од немирите, кои покажаа искршени прозорци во деловните објекти, биле објавени на социјалните мрежи, како и дека полицијата користела бибер-спреј против демонстрантите.