Воени извори: Мисијата на НАТО во Авганистан е готова

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО ја заврши својата воена мисија во Авганистан по скоро две децении, дознава новинската агенција ДПА од повеќе дипломатски и воени извори.

Странските трупи кои сè уште се во земјата, американски и турски, по заминувањето на повеќето трупи на НАТО се исклучиво под контрола на нивните национални командни синџири, велат изворите.

Ова значи дека најкрвавата воена мисија во историјата на Алијансата е при крај.

Одлуката официјално да не се објави крајот на воената мисија е поврзана со фактот дека оперативниот план е сè уште во сила, објаснува ДПА.

Соединетите држави влегоа во Авганистан по терористичките напади на 11 септември 2001 година, а сојузниците набрзо го следеа примерот.

Слични содржини