Војна на трибините во Ница (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Натпреварот од првото коло од групата Д на Конференциската лига меѓу Ница и Келн не започна во предвидениот термин поради општа тепачка меѓу навивачите на двата тима.

Страшни сцени на трибините во Ница. Почетокот на дербито од групата Д меѓу Ница и Келн беше спречен поради општа тепачка на трибините. Првично, стартот беше одложен за еден час, по што започна со еден час задоцнување.

– Навивачите ни значат многу, но тоа што го направивте не е добро и не треба да се прави – изјави капитенот на Келн Хектор.

Во оваа група се и Партизан и Словачко.

 

Слични содржини