„Војна“ за одбраната на ЕУ: Грција ги затвора вратите за Турција

„Нашиот став е дека земјите што им се закануваат на членките на ЕУ со војна не можат да учествуваат“, рече Мицотакис, осврнувајќи се на Анкара, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Вила Максимос во Атина, објави Катимерини.

од Vladimir Zorba
36 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека Турција не треба да се приклучи на одбранбената програма „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која го поддржува буџетот на Европската унија за зајакнување на одбранбените капацитети на блокот.

„Нашиот став е дека земјите што им се закануваат на членките на ЕУ со војна не можат да учествуваат“, рече Мицотакис, осврнувајќи се на Анкара, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Вила Максимос во Атина, објави Катимерини.

Тој нагласи дека од тие земји зависи „да изградат добри односи со Европа“, но дека тоа „бара почитување на нејзините принципи“.

Кошта, кој е и поранешен португалски премиер, е во прва официјална посета на Атина откако го презеде претседателството со Европскиот совет.