Новинар од BBC објави видео и предупреди дека војските не го почитуваат примирјето
Во мрежата се појавија снимки на кои се гледаат тенкови од Вооружените сили на Украина, распоредени меѓу станбени блокови во Авдеевка во Донецк област.
Според локалните власти населеното место во моментов сеуште е подложено на напад и тоа не дозволува интервентни служби да се зафаќаат со обновата на електричната мрежа. Водоснабдувањето сепак се одвива вонредно и организирани се и пунктови за раздавање на хуманитарна помош.
Локалните борци раскажуваат за зголемување на украинските војници во областа. Според агенција РИА Новости станува збор за 10 пешадиски трупи, околу 15 тенкови и 20 БТР-а.
Жестоките битки се водат во реонот на Авдеевка кои започнаа во август 2015 година, кога украинската армија спроведе масовно бомбардирање на Донецк. Во последните денови тензиите повторно ескалираа.
Снимката со тенковите беше дистрибуиран од Том Бариџ – дописник на BBC на неговиот профил на Твитер.
“Во Авдеевка наидовме на украински воени тенкови, кои најверојатно биле таму одамна и слушнавме дека не се почитува примирјето за прекин на огнот”, напиша новинарот.