Британското кралско семејство се помеша со Холивудското кралство во вчерашната неделна вечер, кога Војводата и Војводката од Кембриџ се појавија на доделувањето на наградите „БАФТА“ 2017 во Лондонската „Royal Albert Hall“.
Кејт блескаше со светска елеганција на нејзиното деби на филмските награди. Таа носеше долг цветен фустан на Александер Меквин со собрана коса која ги истакнуваше нејзините дијамантски обетки.
Вилијам кој е претседател на БАФТА од 2010, беше дотеран во црн смокинг, по првата појава на наградите по две години.